Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига кое ќе се игра во четири дена.

Четиринаесеттата рунда се отвара в петок со мечот на Чаир меѓу Шкендија Арачиново и Башкими, дуел каде трите бодови се повеќе од важни и за двете екипи.

Ако трите бодови ги освои домаќинот ќе се зацврсти на петтото место и ќе ги напаѓа првите четири позиции, а пак доколку трите бодови заминат во Куманово тогаш Башкими е пред можноста да ја напушти бараж зоната. Мечот стартува во 13 часот.

В сабота од 12 часот Скопје против Арсими ќе ја бара првата сезонска радост, гостинот доаѓа без победа на последни пет средби со три порази во низа. Двете екипи се во резултатска криза, а за „пиратите“ шанса да се фати посериозен приклучок за опстанок, бидејќи нов пораз ќе значи и уште потешка борба за опстанок.

Еден час подоцна ќе започне дербито на Вардар и Тиквеш, две екипи кои со по 24 бодови го делат третото место. Поразениот тим од овој меч ќе биде четврти, а победникот ќе остане трет и ќе го нападне првото место во зависност како ќе одиграат водечките Шкендија и Струга.

В недела ќе се одигра само еден меч. Во Штип ќе гостува лидерот Струга Трим Лум, каде ќе се соочи со Брегалница, во меч кој започнува во 12 часот.



„Сините“ со триумф над лидерот ќе се зацврстат на шестото место, евентуални „грешки“ на Башкими и Арсими ќе значи посериозно бегство од опасната зона и помирна есен за штипјани, а полесна пролет за опстанок.

Од друга страна, Струга Трим Лум ќе мора да „преживее“ во градот под Исарот и дома да се врати со три бодови со цел да го сочува првото место и да ја држи првата позиција.

Колото се затвара во понеделник со натпреварот меѓу поранешните шампион Шкендија и Силекс, а кој ќе започне во 13 часот.

Во зависност од тоа како стружани ќе одиграа во Штип, Шкендија ќе има можност да избие на првото место ако Струга загуби од Брегалница или пак ако стружани ремизираа, па со тоа двете екипи ќе бидат израмнети на врвот од табелата.



Но, најпрво ќе треба Шкендија да го добие Силекс. Кратовци имаат притисок да мора да победуваат за да може да бидат конкурентни за местата во Европа, во спротивно фокусот ќе биде кон Купот каде Силекс ја брани Куп титулата за да има „виза“ за излез во Европа односно да игра квалификации во Конференциската лига на УЕФА.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Станојоски: Подготвени сме за жестока борба со Радовиш, сакаме нова победа – нашата цел е директен пласман во Суперлигата!

Македонија ЃП продолжува со одличните натпревари во Првата ракометна лига, „дробилицата“ во претходното коло го доби ланскиот суперлигаш Пролет, а сега се подготвува...

Ракомет

Нацев: Секој натпревар го играме како дерби, така ќе биде и против Радовиш – не нè интересира бараж, нашата цел е првото место!

Екипата на Македонија ЃП по големата победа над суперлигашот Пролет од 30:40 се подготвува за дуел со уште еден лански суперлигаш – домашен...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!