ГРК Охрид со висока самодоверба го очекува европскиот предизвик против Драгунас Клаипеда. По убедливиот триумф над Тиквеш во домашното првенство, охриѓани се насочуваат кон двата натпревари од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп, во кои пред своите навивачи ќе имаат можност да направат нов чекор кон посакуваната цел.
Очекувањата и амбициите на екипата ги пренесе јапонскиот ракометар Шуичи Јошида, кој верува дека добрата форма и сигурноста во двата правци од играта ќе бидат важен адут за претстојните дуели.
„По победата над Тиквеш, имаме самодоверба во одбраната и нападот. Одиме на победа во двата натпревари пред нашата публика како бранители на титулата во ЕХФ Европскиот Куп.“- изјави Јошида.

Охрид ќе има две можности пред домашната публика да ја потврди својата европска амбиција. Првиот натпревар против Драгунас Клаипеда е закажан за сабота, 21 ноември, додека реваншот ќе се одигра ден подоцна, во недела, 22 ноември. Двата дуели ќе започнат во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, каде што „гладијаторите“ ќе ја бараат поддршката од своите навивачи во обидот да го продолжат европскиот пат.