Селекторот Кирил Лазаров ги откри имињата на ракометарите кои влегуваат во конкуренција за настап на претстојното Светско првенство. На поширокиот список се најдоа 35 играчи, од кои во следниот период ќе биде избран конечниот состав што ќе ја претставува Македонија на светската сцена.
Меѓу повиканите има тројца ракометари кои настапуваат надвор од Македонија: голманот Мартин Томовски од Битигхајм, Дмитро Хориха од унгарскиот ПИК Сегед и Михајло Младеновиќ, член на францускиот Кретеј.
Националниот тим ќе ги започне подготовките на 22 декември. Планирани се две подготвителни фази, во рамките на кои ќе бидат одиграни и неколку контролни средби пред заминувањето на завршниот турнир.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари во Германија. Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Магдебург, каде што за противници ќе ги има селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија.