Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари ги дознаа противниците и распоредот за Европската лига 2027

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и распоредот на натпреварите во Европската лига 2027, која воедно ќе претставува и втора квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во 2028 година.

Македонските одбојкари четврта година по ред ќе ги одмерат силите со селекцијата на Грција во официјално натпреварување, додека за првпат во историјата ќе се соочат со Норвешка.

Натпреварувањето за Македонија ќе започне од 4 до 6 јуни, со гостување на турнирот во Грција. На 4 јуни избраниците на македонскиот селектор ќе играат против домаќинот, додека ден подоцна ќе се соочат со Норвешка.

Вториот турнир е предвиден за периодот од 11 до 13 јуни во Чешка. Таму Македонија на 11 јуни ќе ги одмери силите со домашната селекција, а на 12 јуни ќе игра против Босна и Херцеговина.

Во третиот натпреварувачки викенд, Македонија ќе биде домаќин на турнирот, на кој на 18 јуни ќе ја пречека Словачка, додека на 20 јуни ќе се соочи со Австрија.

Според пропозициите на ЦЕВ, пласман на Европското првенство во 2028 година веќе имаат обезбедено европскиот шампион Полска, Црна Гора како еден од организаторите, како и најдобрите четири селекции од Европската лига 2026 – Финска, Холандија, Данска и Израел.

Преостанатите места ќе бидат распределени меѓу четирите најдобри репрезентации од Европската лига 2027, додека дополнителни 11 селекции ќе обезбедат учество врз основа на ЦЕВ-ранкингот по завршувањето на Европската лига 2027 и ФИВБ Лигата на нации 2027.

ЕВРОПСКА ЛИГА 2027 МАЖИ

ПРВ ТУРНИР – Грција 04-06.06.2027

04.06 – Македонија – Грција

05.06 – Норвешка – Македонија

ВТОР ТУРНИР – Чешка 11-13.06.2027

11.06. – Македонија – Чешка

12.06. – БиХ – Македонија

ТРЕТ ТУРНИР – Македонија 18-20.06

18.06 – Словачка – Македонија

20.06. – Македонија – Австрија

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Камза од Албанија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Камза од Албанија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција. Станува збор за клуб со богата фудбалска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за настап во новото издание на Европската лига 2027, која истовремено претставува...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Почнува трката за мундијалскиот состав – Лазаров со поширок список од 35 имиња!

Селекторот Кирил Лазаров ги откри имињата на ракометарите кои влегуваат во конкуренција...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонските биатлонци ги започнаа подготовките, следуваат настапи на европската сцена

Македонската биатлон репрезентација ги започна зимските подготовки за претстојната сезона. Сениорската екипа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!