Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Сподели
Сподели

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и се повлекува од позицијата шеф на стручниот штаб поради лични причини.

Цицмиловиќ во краткиот период успеа да донесе стабилизација во тимот, одлична атмосфера во соблекувалната, а Беласица бележеше одлична игра, но од негови лични причини одлучи да се повлече од тренерското столче.

„Раде Цицмиловиќ си поднесе отставка до управниот одбор на ФК Беласица А.Д. Цицмиловиќ се повлекува поради лични причини. Голема благодарност до Цицмиловиќ! ФК Беласица А.Д. сака искрено да му се заблагодари на Раде Цицмиловиќ за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб. Му посакуваме многу среќа, здравје и успеси во понатамошната кариера“, велат од клубот.

Цицмиловиќ дојде како наследник на Мартин Алаѓозовски, кој замина во Кувајт.

Во следните денови ќе треба да биде познато кој ќе ја води Беласица по заминувањето на искусниот Цицмиловиќ кој поседува УЕФА Про лиценца.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

„Играме со срце“, победуваме за среќно детство! – Министерството за спорт и СОС Детско село во заедничка хуманитарна мисија

На 28 и 29 ноември, под покровителство на Министерството за спорт, во Скопје ќе се одржи првиот хуманитарен фудбалски турнир „Играме со срце“,...

Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и се повлекува од позицијата шеф на стручниот штаб поради лични причини....

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!