Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите мечеви, само на еден меч беше доволно еден гол за да се реши победникот, а пак две средби завршија без погодоци.
Со голот на Роберто Трипчев некогашниот второлигаш Локомотива од Градска славеше минимална победа од 1:0 над Раштани Спорт.
Средбата меѓу Бузалкова и Форца Нова заврши без победник со по еден гол на двете страни (1:1). Бране Петровски во 31. минута си постигна автогол со што домаќинот имаше предност од еден гол на полувреме. Во второто полувреме Лука Ристов во 71. минута ги постави конечните 1:1.
Согле на домашен терен претрпе пораз од тимот на Плавник со резултат од 1:2. Гостинот со голот на Бесник Муртезани во 23. минута стигна прв до предност, но истата траеше само шест минути кога Иса Рушидов погоди за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Плавник до победата дојде на крилата на Армен Мемедов кој погоди во 55. минута за конечни 1:2.
Тополка и Горски ремизираа играјќи 2:2 за делба на бодовите. По чистите мрежи во првиот дел во 49. минута Един Ајра погоди за 0:1, а во 54. минута Далибор Стефановски израмни на 1:1.
Самиот финиш беше возбудлив. Во 86. минута Тино Велкоски погоди за комплетен пресврт и водство на Тополка од 2:1, но по три минути Андреј Митковски погоди за конечни 2:2.
Врановци имаше најголема домашна победа со четири постигнати погодоци, откако со 4:2 го доби тимот на Младост. Аљбан Биба беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Имран Ахмедов и Елмир Еминов. За гостинот двоен стрелец беше Николче Јавашев.
Раштани Спорт е прв во ОФЛ Велес со 16 бодови на своето конто, втор е тимот на Тополка со 13 бодови, а пак Горски е на третото место со 12 бодови. Следува Врановци како четврти со 11 бодови.