Останато

Карловарско ја продолжи соработката со македонскиот капитен Никола Ѓоргиев

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, и во новата сезона ќе го носи дресот на чешкиот Карловарско, со кој минатата сезона ја освои шампионската титула.

Искусниот коректор, кој има 38 години, пред себе ќе ја има 22. интернационална сезона во професионалната кариера. Ѓоргиев од вчера е во Чешка, каде веднаш им се приклучи на тренинзите на екипата, а клубот денеска официјално го потврди неговото враќање.

Македонскиот репрезентативец зад себе има богата интернационална кариера, во која настапуваше во Србија, Италија, Турција, Франција, Германија, Полска, Јапонија, Словенија и Романија. Сега, втора сезона по ред, ќе биде дел од најсилната чешка лига, каде ќе има можност да ја продолжи успешната приказна со Карловарско и да се обиде да стигне до нови трофеи

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Карловарско ја продолжи соработката со македонскиот капитен Никола Ѓоргиев

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, и во новата сезона ќе го носи дресот на чешкиот Карловарско, со кој минатата...

Останато

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратон

Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на спортови на Скопје, Гордана Кузмановска Николовска денеска му врачи благодарница на...

Поврзани написи
Останато

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратон

Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд на 5 километри на пат

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на Атлетскиот клуб Олимп, постави нов национален...

Останато

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода,...

Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!