Втора лигаФудбал

Башкими се засили со Филип Алексовски!

Сподели
Сподели

Второлигашот Башкими од Куманово во последниот дел од 2024 година го промовираше Филип Алексовски како ново зимско засилување.

Тимот на Башкими во пролетниот дел ќе атакува на освојување на првите две места кои водат кон Првата лига, а есенскиот дел го заврши на 3. место со само бод помалку од второпласираната Брегалница.

24-годишното десно крило во Башкими доаѓа од редовите на прволигашот Беса од Добри Дол, а во својата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Кораби од Дебар.

Алексовски ги има поминато репрезентациите на Македонија до 18 и 21 година, а во својата кариера и двапати го има освоено Купот на Македонија.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Башкими се засили со Аљбан Мемеди и голманот Амир Јашар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!