Трета лигаФудбал

Нова трансфер „бомба“: Дарко Стојанов е нов играч на третолигашот Слога Виница

Сподели
Сподели

Амбициозниот третолигаш Слога Виница во последниот ден од 2024 година направи уште еден голем трансфер, Дарко Стојанов е нов играч во тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев.

34-годишниот стратег во Виница доаѓа од редовите на радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица, а во својата кариера има настапувано и за Гостивар, Вардар, Брегалница ,Ренова, Борец, Хоризонт Турново, Беласица, Маџари Солидарност и Дунав Русе од Бугарија, па Стојанов со своето прволигашко и меѓународно искуство ќе биде столб во одбраната и еден од носителите во играта на Слога Виница за пролетниот дел.

Екипата на Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток, тука работата речиси и е завршена, со ваков тим Слога Виница само ќе се прошета и ќе ги наполни мрежите на противниците, па веќе фокусот е ставен на баражот за влез во Втора лига.

Претходно, Слога Виница се засили со Иван Настевски и Тони Мирчевски кои во пакет пристигнаа од Детонит Плачковица, со Филип Николовски од Каменица Саса и со Љупче Христовски од Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!