Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток 19:30 часот.
Гостинот од Богданци патува со јасна цел, да се бори за секоја топка и да го даде максимумот и да покаже карактер, против тим кој конкурира за титула.
Во тимот на Младост владее позитивна атмосфера и фокусот останува на секој меч да се освојуваат бодови и да се стигне до првата сезонска победа.
Правдата на мечот ќе ја делат Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен, а пак Васе Зипевски од Гостивар ќе биде делегат.