Втора лигаФудбал

Промени во Осогово: Крсте Крстев нов претседател на второлигашот од Кочани!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Сосема очекувано доаѓаат промени во Осогово после лошата есенска полусезона во Втората лига, во која Осогово успеа да триумфира само двапати, двапати ремизираше, а дури 11 пати беше поразен и со тоа собра само осум бодови за да се наоѓа во бараж зоната за опстанок.

Претседателот на клубот, Перо Георгиевски, си поднесе неотповиклива оставка, а за нов претседател е избран искусниот стратег Крсте Крстев, кој пред себе ќе има неверојатен предизвик, а тоа секако ќе биде опстанокот во Втората лига и тоа на директен начин.

Крстев веќе денес ќе има состанок со неговите соработници и фудбалерите со цел да се разговара за следните чекори на клубот. Повеќе од јасно е дека клубот ќе треба да ангажира и квалитетни засилувања, ќе треба да се направи ремонт и во тимот со цел Осогово уште од првото пролетно коло да започне со собирање на бодови бидејќи истите се повеќе од потребни во трката за излез од опасната зона и премин кон средишниот дел или во зоната која гарантиран директен опстанок во Втората лига.

Првото пролетно коло за Осогово ќе биде повеќе од важно бидејќи ќе гостува во Неготино кај тимот на Вардар, во првиот меч Осогово загуби од Вардар Неготино во Кочани, па сега сигурно е дека ќе сака триумф, а кој триумф за Осогово може да значи на крајот од сезоната и опстанок, бидејќи ќе биде против главен конкурент за директен опстанок.

Вардар Неготино е на 13. место на табелата со 14 бодови, а пак Осогово е на 14. место со осум бодови, токму овие три бодови ќе биде важни и за двете екипи.

Секако дека пред Крстев ќе биде период да го консолидира кочанскиот второлигаш, покрај промени во управата, играчкиот кадар, ќе треба и многу други работи да се поправаат, да се подобрат условите за тренинг и игра и со тоа Осогово да ја оствари својата цел и во мај месец како и минатата година да го потврди опстанокот во Втората лига, бидејќи повеќе од јасно е дека Кочани тоа и го заслужува во најмала рака да следи второлигашки фудбал.

Од денес започнува ново поглавје во Осогово, а поддршката од сите страни ќе биде добредојдена за „жетварите“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!