Ракомет

Бутел конечно се израдува, Стоилов до првиот суперлигашки триумф!

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје ја прекинаа серијата без победа во домашниот шампионат и стигнаа до првите бодови во Супер лигата. Избраниците на Стојанче Стоилов славеа на гостински терен против Мулти Есенс со 29-31, во рамките на деветтото коло.

Гостите го контролираа резултатот во поголемиот дел од првото полувреме, па на одморот заминаа со предност од два погодоци (15-17). Сепак, продолжението донесе поинаква слика на теренот. Мулти Есенс ја презеде иницијативата и во 45. минута имаше солидна предност од три гола (24-21).

Бутел не дозволи домашниот состав да се одлепи резултатски, па постепено ја топеше негативата и во 55. минута стигна до израмнување (27-27). Во финишот се водеше изедначена битка, но скопскиот тим покажа поголема концентрација во клучните моменти. Со два врзани погодоци поведе со 28-30, а потоа ја задржа предноста за конечни 29-31.

Дамјан Субашевски беше најефикасен во победничкиот состав со осум реализации, додека Лука Јовиќ придонесе со седум гола. Кај Мулти Есенс, Јован Петрески исто така осум пати ја затресе противничката мрежа.

Со овој триумф Бутел Скопје конечно го запиша првото славје во првенството, а за Стојанче Стоилов тоа е прва суперлигашка победа на клупата на тимот. Мулти Есенс, пак, и по девет одиграни кола останува без освоен триумф.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со 89:79 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ и ја запишаа петтата...

Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се враќаат со цел плен од гостувањето кај Куманово, каде што славеа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид сигурен и во Куманово, Ројевиќ и неговите момци впишаа нови бодови!

Ракометарите на Охрид продолжуваат со успешните настапи во Супер лигата. „Гладијаторите“ се...

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над...

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!