Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч од 8. коло на Трета лига регион 1 со убедливи 0:5 го декласираше Кул Здравје.
Хет-трик на натпреварот постигна Давид Ристовски, а по еден гол постигнаа Дарко Глишиќ и Кристијан Ристовски.
Илинден стигна до осмата сезонска победа од толку натпревари и на своето конто има максимални 24 бодови, а пак Кул Здравје барем до утре ќе биде деветти, а по комплетирањето на колото може да се спушти за некоја позиција на табелата.
Колото ќе се комплетира утре со останатите средби.
