Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна лига.
Уште во првите минути од средбата беше најавена победата за тимот од Богданци, кој имаше серија од 0:6, а потоа таа предност само се зголемуваше откако на полувреме Младост 1977 имаше предност од 8:21.
Во вториот дел на рутина тимот од Богданци само ја потврди победата, откако во 43. минута стигна до двојна предност 15:30, а на крајот резултатот беше 21:38.
За тимот на Младост со 15 гола најдобар стрелец беше Антонио Каракабаков, а го следеше Стојан Иванџиков со 11 гола. Кај штипјани прв беше Матеј Каранфиловски со седум гола.
