Младост е пред нов предизвик во Суперлигата, деветтото коло го „носи“ Тиквеш во Богданци, дуел во кој домаќинот ја бара првата сезонска победа, а пак гостинот од Кавадарци по петтиот триумф во „Млаз“.
Атмосферата во таборот на Младост е позитивна, тимот на Горан Андоновски е подготвен за соочување на кое ќе се бара првата радост, навивачите се мобилизираат да ја наполнат салата „Млаз“ до последното седиште.
Дека тимот е подготвен потврдува и крилото Славе Јанковски, кој за Спортска Мрежа истакна дека ги очекува тежок дуел, но се надева со поддршка од навивачите да стигнат до првата победа.
„Одлично сме подготвени, ја бараме првата победа на домашен терен оваа сезона со Тиквеш. Не очекува тежок натпревар со Тиквеш, која е една добра и искусна екипа, но со поддршка од нашите навивачи кои се со нас на секој натпревар и ни даваат максимална поддршка одиме на прва победа“, вели Јанковски за Спортска Мрежа.
Јанковски кој летово во Младост дојде од редовите на Радовиш потенцираше дека треба борба за секоја топка, оваа сезона како што вели струмичанецот секој натпревар е тежок и нијанси одлучуваат, се надеваат дека со намалување на техничките грешки ќе се израдуваат на првата победа.
„Секој натпревар оваа сезона е тежок и одлучуваат нијанси. Треба да се бориме за секоја тока, да ги намалиме техничките грешки на крај да имаме малку спортска среќа и да се радуваме на победа“, дополни Славе Јанковски во изјава за Спортска Мрежа.
Натпреварот меѓу Младост и Тиквеш се игра во недела од 18 часот во салата „Млаз“ во Богданци.