Останато

Орион Старс го победи Штип УГД, македонскиот шампион освои два сета во „Џексон“

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби од холандскиот првак Орион Старс со 2:3 во сетови во реванш-натпреварот од ЦЕВ Лигата на шампионите.

За првпат во историјата, во градот под Исарот се одигра натпревар од најелитното европско клупско одбојкарско натпреварување. Овој дуел претставуваше историски момент за одбојката во Штип, а домашната публика во салата „Џексон“ имаше можност да го бодри својот шампион на европската сцена.

Одбојкарите предводени од Кристијан Ристески го исполнија ветувањето и прикажаа подобра игра во однос на првиот натпревар во Холандија, кога загубија со 0:3 во сетови. Иако на крајот не успеаја да стигнат до победа, штипјани освоија два сета и покажаа подобро издание на домашен терен.

Штип УГД го доби првиот сет со 25:23, но Орион Старс возврати во вториот, кој го освои со 20:25. Македонскиот шампион повторно поведе по освојувањето на третиот сет со 25:21, со што во салата „Џексон“ следуваше вистинска одбојкарска возбуда, проследена со позитивна атмосфера и поддршка од трибините.

Сепак, холандскиот првак покажа зошто е меѓу најдобрите екипи во својата земја. Орион Старс доминираше во четвртиот сет, кој го доби убедливо со 10:25, а во решавачкиот, петти сет, славеше со 10:15 за конечни 2:3.

И покрај поразот, Штип УГД приреди натпревар за паметење пред своите навивачи и испиша нова страница во историјата на штипската одбојка со настапот на домашен терен во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД денес го игра реванш натпреварот против Орион Старс во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Штип УГД попладнево од 18 часот во СЦ „Џексон“ во...

Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!