Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип УГД во групата А и Струмица 47&72 во групата Б се единствените екипи што сè уште немаат пораз.

Во групата А, штипјани продолжија со одличните настапи и покрај тоа што во дуелот со еден од главните конкуренти, ГОК Борец, загубија еден сет и останаа без максимален број бодови. Со освоени 11 бода, Штип УГД се наоѓа на првото место на табелата.

Актуелниот младински шампион Работнички 71&22 е второпласиран, со подобар поен-количник од ГОК Борец. Двете екипи имаат идентичен учинок од две победи и два пораза, како и сооднос од 5:4 во освоените и загубените сетови. Шкендија, исто така, има две победи и два пораза, но досега освои пет бода.

Универзитет во Тетово втор викенд по ред не се појавува на турнир. Со оглед на тоа што екипата има три неодиграни натпревари, според пропозициите следуваат суспензија и дисциплинска постапка.

Во групата Б, Струмица 47&72 има максимален ефект од четири победи на четири натпревари, при што освоила осум сета и вкупно 12 бода, со што убедливо ја предводи конкуренцијата.

Најнеизвесниот дуел на вториот турнир го одиграа Весна Пробиштип и Јанта Волеј мажи, а средбата заврши со резултат 2:1. Со овој триумф, тимот од Пробиштип се искачи на втората позиција на табелата.

Македонија Џио имаше половичен учинок на вториот турнир и со пет освоени бода се наоѓа на третото место, додека Јанта Волеј мажи во моментов е четвртопласиран во групата Б.

РЕЗУЛТАТИ, ВТОР ТУРНИР, МЛАДИНЦИ

ГРУПА А

ГОК Борец – Штип УГД         1:2 (25:23, 30:32, 10:15)

Штип УГД – Работнички 71&22        2:0 (25:21, 25:22)

Универзитет во Тетово – Работнички 71&22          0:2сл.

Шкендија – Универзитет во Тетово 2:0сл.

ГОК Борец – Шкендија         2:0 (25:19, 25:23)

ТАБЕЛА

1.Штип УГД    4          4          0          8:1       11

2. Работнички 71&22 4          2          2          5:4       7

3. ГОК Борец  4          2          2          5:4       7

4. Шкендија   4          2          2          4:5       5

5. Универзитет во Тетово     4          0          4          0:8       0

ГРУПА Б

Струмица 47&72 – Македонија Џио           2:0 (25:20, 25:14)

Јанта Волеј мажи – Македонија Џио          0:2 (12:25, 18:25)

Весна Пробиштип – Јанта Волеј мажи        2:1 (26:28, 25:18, 15:5)

Струмица 47&72 – Весна Пробиштип         2:0 (25:12, 25:15)

ТАБЕЛА

1.Струмица 47&72     4          4          0          8:0       12

2.Весна Пробиштип  4          2          2          5:5       6

3. Македонија Џио    4          2          2          4:5       5

4. Јанта Волеј мажи  4          0          4          1:8       1

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот струмички фудбалер и извонреден фудбалски талент, кој...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал фудбал „Горан Трајчев“, кој се одигра во Градската сала во Кратово,...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа со голем пресврт ја елиминираше третата носителка во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ W50 турнирот...

Останато

Три македонски одбојкарски екипи во европска акција, Штип УГД пред историски предизвик

Три од четирите македонски претставници во европските клупски одбојкарски купови неделава ги...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!