Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во гости го совладаа Бутел со 24-29 во натпреварот од осмото коло. Со тоа, избраниците на Кирил Лазаров ја забележаа седмата сезонска победа, додека домаќините го запишаа седмиот пораз.

Средбата донесе и интересен тренерски дуел меѓу две големи имиња на македонскиот ракомет – Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов. На крајот, поуспешен беше Лазаров, чиј тим успеа да ја потврди фаворитската улога.

Алкалоид уште во воведните минути ја презеде контролата врз резултатот, а по десет минути игра имаше предност од 4-8. Сепак, Бутел не дозволи гостите предвреме да го решат прашањето околу победникот, па во продолжението од првото полувреме се обидуваше да ја намали негативата. Домаќините во еден момент се доближија на два гола разлика, но на паузата заминаа со резултат 12-15.

Во вторите 30 минути Алкалоид продолжи да го контролира текот на натпреварот. Гостите постепено ја зголемуваа предноста и во еден момент стигнаа до плус пет, со што направија значаен чекор кон освојување на бодовите. Бутел се обиде да се врати во игра, но „фармацевтите“ не дозволија изненадување и сигурно го приведоа дуелот до крај.



Второто полувреме заврши со 12-14 во корист на Алкалоид, кој на крајот славеше со 24-29 и заслужено се радуваше на нов триумф.

Во победничкиот состав најефикасен беше Урош Борзаш со пет погодоци, додека Дамјан Митев постигна четири гола. Кај Бутел, Лука Јовиќ и Марко Каевски се истакнаа со по пет погодоци.

Во следното коло Алкалоид ќе го пречека Прилеп и ќе има можност да ја продолжи победничката серија, додека Бутел ќе се соочи со Мулти Есенс во обид за прв сезонски триумф.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
Ракомет

Славиќ по триумфот над Пелистер 2: „Немавме многу време за опоравување, но одлично го отворивме натпреварот“

Ракометарите на Охрид продолжуваат со сигурните настапи во домашниот шампионат, откако на...

Ракомет

(ФОТО) Охрид убедлив против Еурофарм Пелистер 2, „гладијаторите“ до шеста сезонска победа

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со добрите настапи во македонската Суперлига, откако...

Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а...

Ракомет

Охрид го дозна патот кон одбраната на круната: Драгунас Клаипеда е следната европска пречка!

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува со двомеч против литванскиот Драгунас Клаипеда....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!