Ракомет

Славиќ по триумфот над Пелистер 2: „Немавме многу време за опоравување, но одлично го отворивме натпреварот“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжуваат со сигурните настапи во домашниот шампионат, откако на свој терен убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 35-19. „Гладијаторите“ уште во првото полувреме ја најавија победата, а со одличната игра пред своите навивачи стигнаа до нови бодови и го задржаа местото меѓу четирите водечки екипи во Супер лигата.

Избраниците на Ројевиќ, уште од почетните минути ја презедоа контролата врз натпреварот. По почетните 4-0, домашниот состав постепено ја зголемуваше предноста, а серијата од 6-1 во првиот дел му овозможи да се одлепи на убедливи 14-5. Охриѓани не застанаа тука, па на одмор заминаа со двоцифрена предност од 21-9.

Ниту продолжението не донесе промена на односот на силите. Иако гостите во еден период се обидоа да ја намалат негативата, Охрид одговори со нови голови и без поголеми проблеми го приведе мечот кон крајот. Адама Кеита и Никола Зечевиќ беа најдобри стрелци кај победничкиот тим со по шест погодоци, додека Шуичи Јошида и Доминик Мате постигнаа по пет. Кај битолчани најрасположен беше Кристијан Симоновски со шест гола.

Голманот на Охрид, Дино Славиќ, кој натпреварот го заврши со девет одбрани, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека екипата и покрај напорниот распоред успеала да одговори на предизвикот и да ја оправда фаворитската улога.

„По два натпревари во два дена во Европскиот Куп, немавме многу време за опоравување. Знаевме дека Еурофарм Пелистер 2 е млада екипа, која многу трча и дека мораме добро да се подготвиме. Мислам дека многу добро го отворивме натпреварот, уште на самиот почеток тргнавме добро. На крајот победивме со 16 гола разлика. Мислам дека победата ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Сите сме задоволни и, еве, сега го чекаме следниот натпревар.“- изјави Славиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со овој триумф Охрид стигна до 13 бода и останува на четвртата позиција на табелата, во друштво на водечката четворка. „Гладијаторите“ сега го насочуваат вниманието кон следните предизвици, со желба да ја продолжат победничката серија и да останат во трката за највисок пласман.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го надигра Бутел во дуелот на Лазаров и Стоилов, „фармацевтите“ до седма победа во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во македонската Суперлига, откако во...

Ракомет

(ФОТО) Охрид убедлив против Еурофарм Пелистер 2, „гладијаторите“ до шеста сезонска победа

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со добрите настапи во македонската Суперлига, откако...

Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а...

Ракомет

Охрид го дозна патот кон одбраната на круната: Драгунас Клаипеда е следната европска пречка!

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува со двомеч против литванскиот Драгунас Клаипеда....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!