Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Сподели
Сподели

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот струмички фудбалер и извонреден фудбалски талент, кој остави длабока трага во историјата на локалниот спорт.

Шеки важеше за еден од најголемите фудбалски таленти што ги родила Струмица. Со својот препознатлив стил на игра, креативност, фудбалска интелигенција и атрактивни голови, знаеше да ја воодушеви публиката и да остави белег на теренот.

Посебно значајно место во неговата кариера има ФК Беласица, чиј дрес го носеше во текот на десет сезони. За струмичките „сино-бели“ одигра 235 првенствени натпревари и постигна 50 голови, статистика со која се вбројува меѓу десетте најдобри фудбалери во историјата на клубот според двете категории.

Во 1983 година Георгиев беше дел од шампионската генерација на Беласица, со која испиша значајно поглавје во клупската историја. Покрај настапите за Беласица, во текот на кариерата го носеше и дресот на други струмички клубови, меѓу кои и Тиверија, со која исто така оствари значајни резултати.

Неговото фудбалско мајсторство и талент го направија препознатлив меѓу љубителите на фудбалот, а настапите и головите останаа дел од сеќавањата на генерациите што имаа можност да го следат на теренот.

Популарниот Шеки пред само десетина дена прими врамен дрес од претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков – Пинда, во знак на благодарност за долгогодишниот придонес кон Беласица и македонскиот фубдал.

Заминувањето на Димитар Георгиев – Шеки претставува голема загуба за Струмица и за македонскиот фудбал. Зад себе остави спортско наследство кое ќе продолжи да се пренесува преку приказните за неговите настапи, мајсторството со топката и придонесот за фудбалот во родниот град.

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Неговото име засекогаш ќе остане запишано во историјата на струмичкиот фудбал.

Фудбалските клубови Брера Струмица и Беласица изразија сочувство до семејството на Димитар Георгиев – Шеки и неговите најблиски пријатели.

Редакцијата на Спортска Мрежа упатува искрено сочувство до семејството, најблиските и пријателите на Димитар Георгиев – Шеки.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Форца преку Зекири и Чилафи убедлива против СЕЕ Университи, Шкупи славеше во Крива Паланка, Кеги Моби ја доби голеадата во Велес

Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Форца забележа убедлива победа над СЕЕ...

Трета лигаФудбал

Победа на чело во Трета лига регион 4 со плус пет бода повеќе од Борец кој е втор

Прилепска Победа е на првото место на табелата во Третата македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!