Втора лигаФудбал

Пелистер со неверојатна одбрана: Натаниел Димовски е 720 минути без примен погодок, додека пак Пелистер 779 минути

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер ја има најдобрата одбрана во Втората македонска фудбалска лига по девет одиграни кола. Битолчани досега примиле само еден погодок, а голманот Натаниел Димовски е без примен гол цели 720 минути, со осум натпревари на кои ја зачувал својата мрежа недопрена.

8 натпревари – 8 чисти мрежи за Димовски!

Одбранбената стабилност е еден од главните адути на Пелистер во досегашниот тек од сезоната. Со само еден примен погодок на девет натпревари, битолскиот тим потврдува дека располага со одбрана која тешко се пробива, а серијата без примен гол претставува значаен придонес во борбата за врвот на табелата.

Покрај одличната дефанзивна статистика, Пелистер има и одличен бодовен учинок. Со освоени 21 бод, битолчани се на второто место на табелата, со само еден бод помалку од лидерот Охрид, па трката за врвот останува целосно отворена.



Следниот предизвик за Пелистер е натпреварот од десеттото коло, во кој битолчани ќе ја пречекаат екипата на Детонит Плачковица. Пелистер ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и да ја зачува одличната дефанзивна статистика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Федерацијата за планинарство организира едукативни предавања за безбедно планинарење во зимски услови

Со цел подигнување на безбедноста на планинарите и намалување на ризиците и несреќите на планините во текот на зимската сезона, Федерацијата за планинарство...

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито во Крива Паланка, Гордон блескаше со 40 поени

Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна гостинска победа против актуелниот шампион Крива Паланка, славејќи со 88:80 во дербито од второто коло на „Шпаркасе...

Поврзани написи
Фудбал

„Допри го голот – Фудбал за секое дете“, фудбалот ги обедини учениците преку инклузија и пријателство

Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во фокусот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кога се решава дербито, се појавува Калина: Попески блеска во дресот на Љуботен

Шест гола, единаесет асистенции и настапи со кои се издвојува меѓу најдобрите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!