Фудбал

„Допри го голот – Фудбал за секое дете“, фудбалот ги обедини учениците преку инклузија и пријателство

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во фокусот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, организиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје, со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и Фондацијата на УЕФА за деца.

На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово. Дел од активностите беа ученици од ООУ „Живко Брајковски“ – Бутел, ООУ „Кочо Рацин“ – Петровец, ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово, ООУ „Имри Елези“ – Чаир, ООУ „Васил Главинов“ – Чаир, ООУ „Киро Глигоров“ – Центар и ОУРЦ „Иднина“ – Скопје.

ФОТО: ФФМ

Преку заедничките фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за значењето на инклузијата, меѓусебната поддршка и еднаквите можности за сите деца. Ревијалните натпревари и дружењето им овозможија на учесниците да соработуваат, да создаваат нови пријателства и да покажат дека фудбалот е спорт што ги обединува сите, без разлика на нивните различности.

Директорката на ОУРЦ „Иднина“, Лорета Андреевска, нагласи дека основната цел на проектот е да им се овозможи на децата заеднички да играат, да се запознаваат, да соработуваат и да градат пријателства, промовирајќи ги вистинските вредности на спортот и инклузивното образование.

„Верувавме дека фудбалот може да биде многу повеќе од спорт. Преку играта децата најприродно учат да се почитуваат, да си помагаат, да се охрабруваат и да бидат дел од тимот. За нас, ова не е само фудбалски натпревар, туку можност да покажеме дека инклузијата не е само нешто за кое зборуваме, туку нешто што заедно го создаваме,  преку учество, меѓусебна поддршка и прифаќање“, порача Андреевска, упатувајќи благодарност до ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца за поддршката, како и до сите училишта, наставници, стручни лица и соработници вклучени во реализацијата на проектот.

Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.

ФОТО: ФФМ

Ирена Бакревска Милошевска, менаџер за социјална одржливост при ФФМ, ја истакна важноста на поддршката и еднаквите можности за сите деца.

„Многу сме среќни што денес сме тука заедно со вас, а во исто време горди што Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА Фондацијата за деца го поддржаа овој проект, кој на децата им отвора повеќе можности за фудбалска игра, дружење и заеднички моменти. Веруваме дека фудбалот е најубав кога сите имаат шанса да се вклучат, да бидат прифатени и да се чувствуваат како дел од тимот. Само тогаш кога му даваме можност на секое дете да учествува, сите сме победници“, истакна Бакревска Милошевска.

„Допри го голот – Фудбал за секое дете“ уште еднаш потврди дека фудбалот е многу повеќе од постигнување голови и резултати. Тој е простор за прифаќање, поддршка и заедништво, место каде што секое дете заслужува можност да игра, да припаѓа и да биде дел од тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија се одигра локално дерби во радовишко – Готен и Слога ги поделија бодовите во Подареш!

По речиси една деценија пауза, радовишкиот фудбал повторно доби локално дерби! На...

Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!