Ракомет

Чупиќ: Вардар и навивачите заслужуваат победнички крај во Лигата на шампионите!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Вардар во среда го очекува последниот предизвик во овогодинешното издание на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе го пречекаат Мелсунген во „Јане Сандански“, со желба европскиот настап да го завршат со победа пред своите навивачи.

Тренерот Иван Чупиќ нагласи дека дуелот со германскиот состав има посебно значење за тимот, особено по двата домашни порази во елитното натпреварување. Вардар сака да им се оддолжи на навивачите за поддршката и да ја продолжи победничката серија.

„Моето размислување е многу едноставно. По двата пораза во ‘Јане Сандански’, сега станува збор и за нашата гордост и чест. Оваа сала и нашите навивачи, кои нè поддржуваа на највисоко ниво на двата домашни натпревари во Лигата на шампионите, заслужуваат да го завршиме настапот со победа. Сакаме да победиме не само за клубот и да ја продолжиме победничката серија, туку пред сè за да им возвратиме на навивачите – луѓето што секогаш се зад нас и постојано ни даваат дополнителна сила.“- изјави Чупиќ.

ФОТО: Денис Дуковски

Со победата над Нант во Франција, Вардар покажа дека може да се надигрува со најдобрите, а Чупиќ посакува уште еден триумф пред продолжението на сезоната во домашното првенство, регионалната лига и ЕХФ Европската лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!