Прва лигаФудбал

Дарко Денков нов тренер на голманите кај „сините“: Брегалница е повеќе од клуб – таа е бренд, традиција и дел од мене

Сподели
Сподели

Брегалница доби нов тренер на голмани, откако Дарко Денков се приклучи во стручниот штаб на Мијалче Прошев со што 36-годишниот штипјанец кариерата ја продолжува во таборот на „сините“.

Денков во изминатите сезони работеше во второлигашот Детонит Плачковица, а сега ќе има предизвик во редовите на прволигашот Брегалница.

Во изминатите години Денков изгради репутација на посветен и квалитетен тренер на голмани, препознатлив по работата со млади и перспективни чувари на мрежата. Покрај клупските обврски, тој е дел и од специјализиран голмански камп на кој учествуваат талентирани голмани од целиот Балкан, каде активно го пренесува своето знаење и искуство.

„Со голема чест и одговорност ја прифатив довербата да бидам дел од стручниот штаб на ФК Брегалница, како тренер на голманите. Голема благодарност до целокупното раководство на клубот за укажаната доверба, како и до сите што веруваат во мене и мојата работа. Брегалница е повеќе од клуб – таа е бренд, традиција и дел од мене“, вели Денков.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија се одигра локално дерби во радовишко – Готен и Слога ги поделија бодовите во Подареш!

По речиси една деценија пауза, радовишкиот фудбал повторно доби локално дерби! На...

Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!