Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона, а противник во Скопје ќе биде германскиот Мелсунген. Иако „црвено-црните“ немаат шанси за пласман во следната фаза, мотивот е јасен – нов триумф пред домашната публика.
Голманот Милош Валах, кој блесна со 17 одбрани во победата над Нант, очекува максимално мотивиран Вардар во обидот со уште еден позитивен резултат да го заокружи настапот во елитното европско натпреварување.
„Сепак, знаеме дека ќе играме во ЕХФ Европската лига и сакаме во тоа натпреварување да влеземе со две победи од Лигата на шампионите зад нас, а не само со една. Добро се подготвуваме за натпреварот и пред нас е многу важна недела. За нас би било многу значајно настапот во Лигата на шампионите да го завршиме со втора победа.“- изјави Валах.

Вардар и Мелсунген ќе се соочат во среда, на 28 октомври, од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот тим ќе се обиде да ја искористи домашната предност и со победнички крај да се прости од Лигата на шампионите за оваа сезона.