Трета лигаФудбал

Победа од Тромеѓа ја освои Крива Паланка, Куманово со триумф над Влазними, Речица освои бод во гости

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Беса од Слупчане ја имаше највисоката победа во рамките на 5. коло на Трета лига регион 2 откако на домашен терен со 8:0 славеше над Козјак од Старо Нагоричане.

Шуајб Бајрами, Мерван Фетаи и Мираџ Демири беа двојни стрелци, а п оеден гол постигнаа Арбурим Ајдини и Харун Касуми.

Липково и Речица ги поделија бодовите откако одиграа 1:1 откако гостинот преку Немања Стојковиќ го отвори резултатот во 50. минута, а домашниот тим преку гол на Бесар Абдији во 78. минута ги постави конечните 1:1.

Лидерот Куманово со 1:3 славеше над Влазними од Оризари во гости, сите погодоци беа постигнати во вториот дел, а победата дојде преку пресврт. Вергим Рамадани го отвори резултатот во 55. минута, а потоа Амар Имери и Ќендрим Абази го свртеа резултатот, додека пак Екрем Мемеди погоди за конечни 1:3.

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Победа од Тромеѓа ја освои Крива Паланка со победа од 1:2 над домаќинот Академија Осогово. Лука Љубевски во 36. минута донесе водство за гостинот. Самиот финиш беше повеќе од драматичен.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во 86. минута Петар Стојановски израмни, а три минути подоцна Милан Благојевиќ погоди за конечни 1:2.

Натпреварот меѓу Јуниор од Доброшане и Речица не се одигра, истиот е одложен за нов термин.

Лидер на табелата е Куманово со максимални 15 бодови, а со по десет бодови Беса од Слупчане и Пчиња го делат третото место, со тоа што Пчиња има меч помалку тој со Јуниор, кој пак е четврти со девет бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу Кеги Моби и Осогово од Крива Паланка не се одигра, откако...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово. По две години поминати во клубот од Кочани, тренерот одлучи да...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!