Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Сподели
Сподели



Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во Пепелиште, откако се соочија Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино, во меч каде беа постигнати два погодоци, но немаше победник, двете екипи ремизираа играјќи 1:1 и ги поделија бодовите.

Клубот од Пепелиште е новајлија во ТМФЛ регион 4, а кога Победа игра на домашен терен, тогаш тоа е фудбалски празник за самото село. Многу публика, дружба и следење на третолигашки фудбал.

Управата на клубот, но и сите кои во изминатиот период помагаа се вистински херои – со многу љубов, желба и труд го вратија во одлична кондиција фудбалскиот терен, уредени соблекувални, уреден терен, ограда и слично, третолигашкиот фудбал се врати во Пепелиште.

Натпреварот за кој веќе Спортска Мрежа објави извештај меѓу Победа и Вардар Неготино направи вистинско фудбалско уживање за цела општина. Од најмал до највозрасен секој го следеше натпреварот.

Се бараше место повеќе каде да се остави автомобилот, радоста и среќата се гледаше кај секој кој беше на стадионот, а за публиката може само да се каже дека беше во број, каков што нема ниту на прволигашки натпревари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!