Трета лигаФудбал

Победа го „разнесе“ Бучин со СЕДУМ гола, фудбалскиот празник во Пепелиште – без победник, трите бодови останаа во Долни Дисан

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Со многу погодоци беше отворено третото коло на Трета лига регион 4, откако убедлива победа забележа прилепска Победа на гостувањето во Бучин за „лото“ славје од 1:7.

Повеќе од јасна беше разлика во квалитет и беше за очекување дека Победа ќе забележи уште еден убедлив триумф. Александар Ристески запиша два гола, а по еден гол имаа Филип Стомнароски, Христијан Митрески, Мартин Никовиќ, Иса Цаневски и Даниел Карчески.

За домашниот тим единствен стрелец беше Ѓорѓија Мурогски, кој успеа да погоди во 44. минута од средбата.

Во Пепелиште беше вистински фудбалски празник, откако новајлијата Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино ги поделија бодовите во меч кој заврши без победник (1:1).

Оливер Тодоров во 34. минута донесе предност за гостинот, кој на полувреме имаше гол предност. На стартот од вториот дел домаќинот тргна офанзивно да бара гол за израмнување, а истиот беше постигнат во 56. минута за конечни 1:1, а стрелец беше Денис Мемков.



Трите бодови останаа во Долни Дисан, откако Венец преку пресврт славеше над Пити Гули со 2:1. Гостинот од Крушево по само четири минути преку Антонио Димоски го отвори мечот и имаше почетна предност, а домашниот тим во 20. минута стигна до 1:1 со голот на Ѓорѓи Шишков за 1:1 на полувреме.

Во вториот преку Марјанчо Илов стигна до комплетен пресврт, во 57. минута за 2:1, а тоа беше и конечен резултат.

Колото се комплетира утре со останатите мечеви.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и Кораб ги поделија бодовите откако одиграа 2:2 на воведниот меч за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и...

Трета лигаФудбал

Без голови во Кичево: Напредок и Крошу Спорт ги поделија бодови

Воведниот меч од третото коло на Трета лига регион 5 не донесе...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица беше пред можност за победа, но Никола Ѓорѓиевски обезбеди бод за Пчиња

Воведниот меч од третото коло на Трета регион 2 заврши без победник,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!