Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто коло од Супер лигата.

ФОТО: МРК Куманово

Десното крило беше безгрешно против актуелниот шампион Вардар 1961, постигнувајќи 15 погодоци од исто толку и обиди. Иако неговиот тим не успеа да стигне до бодовите, „црвено-црните“ славеа со тесни 32-30, Костов беше убедливо најопасниот поединец на теренот.

ФОТО: МРК Куманово

За 23-годишниот ракометар ова беше продолжение на одличниот старт на сезоната. На премиерниот натпревар против Прилеп реализираше 8 од 9 удари, па по две кола има неверојатни 23 гола од 24 обиди.

Со ваквата статистика, Костов моментално е прв стрелец во Супер лигата, а неговата 100-процентна реализација против Вардар е досега највпечатливата индивидуална партија на стартот од сезоната.

ФОТО: МРК Куманово

Охриѓанецот испрати јасна порака уште на почетокот на сезоната – неговото име сериозно ќе се следи и во продолжението од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!