ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

Сподели
Сподели

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу двата конкуренти Црна Река и Балкан.

Два поранешни прволигаши, две екипи кои сакаат враќање во елитата, борба за трите бодови ќе биде голем влог за продолжението од шампионатот и позиционирање на патот кон есенски шампион.

Црна Река во оваа сезона влез со една цел – враќање во елитата, еден од најстарите футсал тимот во Македонија сака да се врати каде што е местото во Првата лига, од друга страна Балкан по една сезона во елитата експресно испадна и сега одново најавува борба за враќање во Првата лига.

Црна Река има одличен старт. Во првото коло беше слободна, а потоа на домашен терен го „прегази“ Фудбал Старс од Кочани, а таквата убедлива победата ја потврди и во Штип совладувајќи го ланскиот прволигаш Мал Ајакс со 1:4 во гости.

Балкан од три средби има три победи и максимални девет бодови, добивајќи ја Победа, Овче Поле и Кратово, но сега следува првиот сериозен предизвик во Кавадарци.



Повеќе од јасно е оти ќе има неизвесен меч, Црна Река ќе има предност поради домашниот терен.

Средбата стартува во 19 часот, Црна Река е подготвена за овој предизвик и максимално претпазливо влегува во дерби пресметката од која сака да излезе како победник, а со тие три бодови ќе се израмни со Балкан, но ќе има меч помалку.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!