Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој по 90 минути заврши со поделба на бодовите – 2-2. И двата тима имаа свои периоди на доминација, но на крајот останаа без посакуваниот триумф. За Силекс ова беше четврти последователен натпревар без победа, додека Брегалница трет во низа без триумф.

Домашните подобро го отворија натпреварот и уште во 7. минута стигнаа до предност. По акцијата од десната страна, Хаџи-Кимов несреќно реагираше во сопствениот шеснаесетник и ја испрати топката во сопствената мрежа за 1-0.

Силекс во продолжение на првото полувреме имаше повеќе од играта и создаваше можности за зголемување на предноста. Шеро во 15. минута биеше над пречката, додека две минути подоцна и Хасукиќ не беше прецизен. Брегалница, иако претежно беше во подредена позиција, можеше да израмни пред паузата, но Џеков со одлична интервенција го запре ударот на Натаниел Маско.

Гостите од Штип во вториот дел влегоа далеку поагресивно и брзо го вратија натпреварот на почеток. Мартин Стојанов искористи простор во одбраната на Силекс, се ослободи од Тимовски и со прецизен удар го совлада Џеков за 1-1.

Брегалница продолжи во ист ритам и во 67. минута целосно го сврте резултатот. По една долга топка кон Натаниел Маско, голманот на Силекс излезе далеку од својот гол, а канадскиот напаѓач умешно ја искористи ситуацијата и со удар од далечина донесе водство од 2-1 за штипјани.

Силекс потоа тргна по израмнување. Манојлов не успеа да ја реализира својата можност, а Шуберт во една од следните акции ја погоди пречката. Сепак, притисокот на домаќините даде резултат во 82. минута. По грешка во одбраната на Брегалница, Александар Мишов ја искористи укажаната можност и погоди за 2-2.

Во самиот финиш темпото не падна, а Брегалница беше поблиску до трет погодок. Мартин Стојанов имаше одлична можност да го реши натпреварот, но Џеков со нова одлична интервенција го спаси Силекс и го задржа конечниот резултат.

Со ова реми, Силекс и Брегалница продолжија со сериите без победа, во натпревар кој понуди четири гола, пресврт и возбудлив финиш. Интересно, ова беше четвртиот натпревар од седмото коло во ПМФЛ кој заврши без победник, по дуелите Башкими – Вардар (3-3), Арсими – Шкендија (2-2) и Тиквеш – Струга ТЛ (2-2).

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!