Младински фудбалФудбал

Денес стартува Ohrid Women’s Cup – првиот женски фудбалски турнир во Охрид

Сподели
Сподели

Денес започнува првото издание на женскиот фудбалски турнир Ohrid Women’s Cup кој е наменет за генерации од 2012 до 2015.

Целта на турнирот е промоција на женскиот фудбал, селектирање на фудбалери и шанса на многу девојки кои сакаат да започнат со тренирање фудбал и да станат дел од клуб.

На турнирот ќе настапат шест екипи – Тиверија Брера, Атлетико, Ускана, Галактикос, Билјанини Извори и Серта.

Преку 100 фудбалери ќе бидат два дена во Охрид каде покрај натпреварите ќе имаат и дружба, забава и убави моменти од градот покрај езерото.

Првите натпревари започнуваат во 16 часот кога ќе биде отворен турнирот со мечевите од групата фаза. За недела од 9 часот е предвидено да се игра натпреварот за петтото место, а потоа да се играат полуфиналните натпревари, мечот за трето место и големото финале.

Секоја фудбалерка ќе добие медал, а екипите кои ќе завршат на прво, второ и трето место пехари. Ќе има награди за најдобар голман, најдобар играч, а ќе има и неколку изненадувања.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!