Трета лигаФудбал

Победа Пепелиште се врати во Трета лига: Новиот третолигаш со амбиции за висок пласман

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Победа од Пепелиште се враќа на фудбалската мапа по повеќе од 35 години, а новата сезона ќе ја дочека со сериозно подготвен состав и амбиции за што повисок пласман во Трета лига – регион 4.

Минатата сезона Победа настапуваше во Општинската фудбалска лига во Неготино, но со обезбедувањето на пласман во повисок ранг клубот направи значаен чекор во својата историја. Управата и играчкиот кадар се уверени дека со добро подготвениот тим можат да бидат конкурентни во новото друштво.

Во пресрет на сезоната, екипата од Пепелиште се засили со повеќе фудбалери со второлигашко и третолигашко искуство, но и со неколку млади и перспективни играчи. На голманската позиција пристигна 18-годишниот Илија Петрески, кој доаѓа од младинскиот погон на ГФК Тиквеш.

Одбраната доби неколку нови имиња. Мартин Темелковски пристигнува од ФК Росоман, по минатото во младинската школа на Академија Пандев/Брера и Вардар Неготино. Златко Лазаров, пак, е само 16-годишен левак кој доаѓа од младинците на Вардар Неготино и игра на позицијата стопер. Од клубот го опишуваат како борбен и технички добро подготвен фудбалер.

Дополнително засилување е и Иле Велков, искусен фудбалер кој има настапувано за Малеш Берово и Струмичка Беласица, а може да одговори на позициите десен бек и заден везен.

Средниот ред ќе биде посилен со Трајче Карпачев, кој доаѓа од младинците на ГФК Тиквеш, како и со повратникот Дуле Пауновиќ, кој минатата сезона настапуваше за Венец. Карпачев треба да донесе дополнителна креативност и техника во играта, додека Пауновиќ со своето искуство ќе биде значаен дел од тимот.

Во офанзивата нови имиња се Драги Ангеловски, кој пристигнува од Напредок Војшанци, Денис Мемков од Вардар Неготино, со претходно искуство во Локомотива Градско, како и Мартин Младеновиќ, кој исто така доаѓа од Вардар Неготино, каде што настапуваше во Втората македонска фудбалска лига. Младеновиќ е млад, брз и експлозивен фудбалер од кого во Пепелиште очекуваат многу. За дополнителна сигурност и искуство во тимот е ангажиран и Горан Соколов, кој може да игра на повеќе позиции.

Комплетниот ростер на Победа Пепелиште го сочинуваат голманите Илија Петрески, Доне Јанев и Александар Јанев, дефанзивците Виктор Аризанов, Иле Велков, Горан Стојанов, Горан Митрев, Мартин Темелковски, Златко Лазаров, Антонио Дојков, Панче Станковиќ и Тоше Темелковски, играчите за врска Трајче Карпачев, Васко Димитриев, Дуле Пауновиќ, Живко Пауновиќ и Јован Наумов, како и напаѓачите Мартин Младеновиќ, Горан Соколов, Дејан Усинов, Реџеп Амков, Драги Ангеловски, Назми Ализотов, Трајче Илиев, Драган Моневски и Денис Мемков.

Пред официјалниот старт на првенството, Победа ќе ја има последната проверка во недела од 17:00 часот, кога на „Мацо Арена“ во Пепелиште ќе го пречека Дојранско Езеро. Тоа ќе биде последна можност за стручниот штаб да ги провери силите пред првиот натпревар за бодови. Стартот на сезоната е закажан за 12/13 септември, кога Победа ќе биде домаќин на Питу Гули од Крушево.

Од клубот истакнуваат дека голема заслуга за враќањето на Победа на фудбалската мапа имаат сите спонзори, помагатели и спортски работници кои вложиле труд, време и финансиски средства за проектот да стане реалност. Управата и фудбалерите најавуваат дека ќе ја оправдаат довербата и ќе се обидат да испишат нова успешна страница во историјата на клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!