Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со повратник Дарко Грозданоски

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф има ново засилување, се работи за повратникот Дарко Грозданоски, кој одново ќе го носе дресот на тимот од Гевгелија.

27-годишниот фудбалер доаѓа во добро позната средина откако претходно настапуваше за Кожуф со што би требало лесно да се прилагоди на новата средина.

Грозданоски во Кожуф доаѓа од романскиот второлигаш Мусчелул Кампулунг, а претходно беше дел од италијански клуб Олимпија Агнонезе, во македонскиот шампионат настапуваше за Воска Спорт, Кожуф, Победа од Прилеп, Беласица, Вардар, Силекс, Тиквеш, во Црна Гора го носеше дресот на Грбаљ, а во Србија настапуваше за екипата на Прва Искра, а има настапи и за младинскиот тим на Црвена Ѕвезда.

Кожуф добива проверен голгетер во нападот, бидејќи Грозданоски во есенскиот дел од сезона 2024/2025 беше најдобар стрелец за тимот од Гевгелија со седум погодоци, од каде се пресели во екс прволигашот Воска Спорт од Охрид.



Според информациите на Спортска Мрежа, Грозданоски веќе е регистриран во тимот на Кожуф и се очекува веќе денес против неговиот поранешен клуб Беласица да го има своето деби, во рамките на 4. коло на Втората лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!