Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со гол во финишот го освои Штип, Брегалница со прв домашен пораз

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Шкендија Арачиново продолжува со одличниот старт во својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако вечерва минимално со 0-1 ја совлада Брегалница на гостински терен во Штип.

До победата гостите стигнаа во самиот финиш, а стрелец на единствениот гол беше Аритон Мехмед. Нововлезениот фудбалер се запиша во листата на стрелци со одличен удар од далечина и му донесе огромни три бода на својот тим.

Брегалница долго време имаше резултатски активен натпревар, но не успеа да го материјализира домашниот терен и своите шанси. Дополнителен проблем за „сините“ беше исклучувањето на Методи Максимов во 77. минута, по што домаќините продолжија со десетмина.

Шкендија Арачиново знаеше како да ја искористи бројчаната предност и нешто помалку од десет минути по црвениот картон го постигна победничкиот погодок.

Со овој триумф, арачиновци стигнаа до трета победа во шест натпревари и сега имаат 10 бода, што ги носи на високото четврто место на табелата.

Од друга страна, за Брегалница ова е прв домашен пораз во сезоната, но и четврти неуспех во шест кола. Штипјани досега имаат две победи и четири порази и остануваат на шест бода, на осмата позиција.

Шкендија Арачиново со голем триумф од Штип продолжува да го потврдува потенцијалот во својата прва сезона меѓу македонската елита, додека Брегалница ќе мора да бара победа во следното коло.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!