Прва лигаФудбал

Сила го „урна“ лидерот од Тетово – Тиквеш со голема победа се искачи на второто место

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш | АРХИВА
Сподели

Тиквеш продолжува да го привлекува вниманието со своите резултати во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани приредија големо изненадување во шестото коло, совладувајќи ја Шкендија на гостински терен со убедливи 1-3.

Главната фигура на дербито беше Нфанли Сила, кој одигра фантастичен натпревар и сам ја реши средбата. Напаѓачот на Тиквеш трипати ја затресе мрежата на домаќините и практично беше нерешлива енигма за одбраната на тетовскиот состав.

Кавадарчани поведоа во 19. минута, а по паузата Сила повторно се запиша во листата на стрелци во 60. минута за предност од 0-2. Шкендија успеа да се врати во игра седум минути подоцна, кога Дрилон Ислами погоди со глава, но надежта на домаќините траеше кратко.

Во 72. минута Сила го комплетираше својот хет-трик и ги постави конечните 1-3, со што Тиквеш ја потврди големата победа над лидер.

За Шкендија ова беше прв пораз сезонава, по серијата од пет последователни победи. Тетовци и понатаму се на врвот со 15 бодови, но сега имаат сериозен конкурент зад себе.

Тиквеш, пак, со новите три бода се искачи на втората позиција со 11 бодови, а воедно ја презеде и титулата најефикасен тим во лигата со 15 постигнати голови на шест натпревари.

Кавадарчани испратија јасна порака дека оваа сезона нема да бидат само учесници во борбата за врвот, туку сериозно ќе ги помрсат сметките на фаворитите.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!