Прва лигаФудбал

Од Торонто до Штип: Брегалница го засили нападот со младиот Натаниел Лоренцо

Сподели
Сподели

Брегалница продолжува да го комплетира својот состав, а ново име во офанзивната линија е Натаниел Лоренцо, 21-годишниот фудбалер кој во Штип пристигнува од Канада и денес официјално беше промовиран како нов член на „сините“.

Лоренцо зад себе има интересен фудбалски пат. Првите чекори ги направил во Pro Stars Toronto FC, од каде заминува во Европа, каде што продолжува да се развива во младинскиот погон на Ѓер. Потоа следува ангажман во Татабања, а сега својата кариера ќе ја продолжи во македонскиот фудбал, во дресот на Брегалница.

Станува збор за млад и перспективен офанзивец кој може да игра на сите позиции во нападот. Брзината, енергијата и желбата за докажување се дел од неговите карактеристики, а во Брегалница веруваат дека неговите квалитети ќе донесат дополнителен импулс во играта и поголема опасност пред противничките голови.

Лоренцо веќе извесен период работи со штипскиот тим и се подготвува со своите нови соиграчи, но неговата официјална регистрација беше одложена поради административни и бирократски процедури. Сега сите формалности се завршени, па 21-годишниот Канаѓанец е и официјално на располагање на стручниот штаб.

За Брегалница ова е уште еден потег насочен кон создавање конкурентен состав, а од младиот канадски напаѓач се очекува во продолжението од сезоната да ја оправда довербата и да донесе свежина во офанзивниот дел од тимот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!