Денес ќе биде одигран уште еден натпревар од првата фаза од Купот на Македонија во Свети Николе, каде третолигашот Овче Поле ќе го пречека Вардар.
„Црвено-црните“ доаѓаат како апсолутни фаворит за пласман во следната фаза, а гостувањето на шампионот на Македонија во Свети Николе се очекува да ја наполни трибината со гледачи кои ќе сакаат да го проследат натпреварот од 1/16 финалето од националниот Куп.
Натпреварот ќе започне во 16:30 часот, а се игра на Градскиот стадион во Свети Николе, а билетот за натпреварот чини 100 денари.
Вчера беа одиграни четири натпревари, а на кои беа постигнати голем број на погодоци. Брера Струмица со убедливи 0:8 го доби третолигашот Венец од Долни Дисан во Неготино, Струга Трим Лум со 1:10 ја „потопи“ Победа од Валандово, каде стружани беа формални гости на својот терен, а „калинкарите“ формални гости на теренот во Струга.
Пелистер со 1:6 славеше над Студеничани, додека пак Македонија ЃП однесе најубедлива победа од 0:14 над Влазними Јуниор.