КупФудбал

(ФОТО) КУП: Струга ја „потопи“ Победа со десет гола, Брера, Пелистер и „лавовите“ пресилни

Сподели
Сподели

Денес започна новата сезона во Купот на Македонија, со одигрување на четири натпревари од 1/16-финалето. Во првата фаза фаворитите ја оправдаа својата улога и забележаа убедливи победи против своите противници.

Прволигашот Струга Трим Лум со неверојатни 1-10 ја „потопи“ третолигашката Победа од Валандово. Флориан Рочи постигна четири гола, двапати во листата на стрелците се запишаа Алтин Алији и Даниел Кехинде Акинлосоту, додека по еден погодок постигнаа Арби Воша и Агон Демири.

Убедлива победа забележа и Брера Струмица, која со 0-8 го декласираше Венец од Долни Дисан во натпреварот одигран на Градскиот стадион во Неготино. Матеј Сејменов постигна четири гола, Глигор Бучков двапати ја затресе мрежата, а по еден погодок постигнаа Игор Ристов и Марио Митрев.

Ланскиот прволигаш Македонија ЃП, пак, приреди вистинска голеада и со убедливи 0-14 го совлада тимот на Влазними Јуниор. Трајче Талевски постигна хет-трик, додека Михаил Митревски, Марко Младеновиќ и Кристијан Ѓорѓиевски беа двојни стрелци. По еден гол постигнаа Омер Сулејмани, Алекс Горгиовски Константино, Кристијан Таневски, Бесмир Исмани и Марко Блажески.

Без поголеми проблеми до следната фаза стигна и Пелистер, кој со 1-6 на гостински терен го декласираше Студеничани. За битолчани погодија Марко Стојилевски, Петар Љамчевски, Алек Сиваков, Кире Стојанов, Мартин Талевски и Јаков Пресилски, додека единствениот погодок за домаќинот беше дело на Фуркан Ќани.

Куп-програмата продолжува утре во Свети Николе, каде третолигашот Овче Поле ќе го пречека прволигашот Вардар. „Црвено-црните“ влегуваат како апсолутни фаворити.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!