Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими и Борис Трајков под УЕФА опсервација на Шкендија – Тиквеш

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Бењамин Ќерими и Борис Трајков ќе бидат под посебно внимание на УЕФА на натпреварот од 6. коло во Првата МФЛ меѓу Шкендија и Тиквеш, кој ќе се одигра во петок.

Ќерими, кој ќе биде главен судија на натпреварот и Трајков, кој ќе ја има улогата на асистент-судија, веќе се дел од UEFA CORE програмата, наменета за перспективни судии со потенцијал во иднина да бидат дел од листата на меѓународни судии.

Нивниот настап на натпреварот ќе биде следен од двајца UEFA CORE експерти, Христос Николаидис од Кипар и Роберт Вукан од Словенија, кои се ангажирани да ги анализираат и оценат перформансите на македонските судии. Опсервацијата ќе ги опфати нивното однесување и донесување одлуки на теренот, позиционирањето, интерпретацијата на ситуациите и целокупното управување со натпреварот.

Натпреварот Шкендија – Тиквеш е закажан за петок, 4 септември, во рамки на шестото коло од Првата МФЛ.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!