Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито Вардар – Алкалоид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката лига ќе го водат арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Ракометната федерација на Македонија ги објави делегирањата за претстојната рунда, а битолската судиска двојка ја доби довербата за дуелот меѓу Вардар и Алкалоид.

Средбата е закажана за в сабота со почеток во 18:30 часот, а наместо во вообичаениот дом на „црвено-црните“, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ поради зафатеност на салата во која настапува Вардар.

Правдата на овој натпревар ќе ја делат Митревски и Тодоровски, додека делегатските обврски ќе ги имаат Марјан Начевски и Ацо Николовски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со Строволу, откако неговиот тим одигра убедлив натпревар и го совлада Аполон...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања. По обврските во Лигата на шампионите и квалификациите за Европското првенство,...

Поврзани написи
Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

Ракомет

Јагуриноски: ,,Максимално сериозно против Младост за нови бодови”

По серијата предизвици во домашното првенство и ЕХФ Купот, ракометарите на Охрид...

Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!