Прва лигаФудбал

Скопје ја посакува првата победа на дуелот против Арсими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Тежок распоред имаше новиот прволигаш Скопје во првите четири кола од шампионатот. „Скопјани“ во досегашниот дел од сезоната се соочија со екипи кои имаат амбиции за самиот врв на табелата, па двете ремија и двата порази не се резултат кој треба премногу да загрижува.

Избраниците на тренерот Муарем Муарем денеска ги очекува нов предизвик, овојпат на гостински терен против Арсими во Гостивар. Новиот прволигаш се надева дека ќе одигра добар натпревар и ќе успее да стигне до првата победа во елитното друштво.

„Одиме по трите бода. Нѐ очекува важен натпревар и силна борба за нови бодови. Веруваме во триумф“, порачуваат од Автокоманда.

Во пресрет на овој натпревар, Скопје се наоѓа на деветтата позиција со два бода, додека Арсими е на седмото место и има шест освоени бода.

Натпреварот меѓу Арсими и Скопје ќе се одигра денеска, со почеток во 16.30 часот на Градскиот стадион во Гостивар, а ќе го суди Влатко Илиоски.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!