Ракомет

ФОТО + ВИДЕО: „Млаз“ ја оживеа европската ракометна приказна: Вардар гостуваше во Богданци, Младост му врачи благодарница

Сподели
Сподели



Некои спортски натпревари се повеќе од само 60 минути ракомет. Некои вечери будат спомени, враќаат фотографии од едно друго време и потсетуваат на деновите кога спортските сали беа срцето на градовите.

Таква беше и синоќешната вечер во Богданци.

Спортската сала „Млаз“ повторно беше исполнета до последното место, а гостувањето на актуелниот македонски шампион Вардар, поранешен двократен европски шампион, на моменти изгледаше како да ги врати добрите, златни времиња од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.

Времето кога Младост настапуваше на европската сцена, а во Богданци гостуваа големи ракометни имиња. Времето кога „Млаз“ беше преполн, кога публиката знаеше да создаде неверојатна атмосфера и кога токму во оваа сала се играа натпревари со огромна тежина.

Постарите генерации со посебна емоција се сеќаваат на периодот кога Младост беше дел од големите ракометни приказни. Се раскажува дека во Богданци се играле натпревари во кои екипата што ќе победи во „Млаз“ го освојувала шампионатот на Македонија. Во истото време, покрај машкиот клуб, активен и успешен беше и женскиот ЖРК Млаз, па салата буквално живееше за ракометот.

Синоќа, барем за момент, кај многумина од повозрасните навивачи повторно се вратија тие спомени.



А дека Богданци и денес живее за ракометот, најдобро го потврди и атмосферата пред самиот натпревар. Новото засилување на Младост, Ахмед Мајдоуб, во изјава за Спортска Мрежа токму тоа го потенцираше.

„Совршено се адаптирав, а и соиграчите одлично ме прифатија. Животот овде е одличен – градот живее и дише за ракометот, а јас сум среќен што играм за овој тим. Ние сме како едно семејство“, вели Мајдоуб за Спортска Мрежа.

И токму тоа семејство се почувствува на трибините.

Но, оваа вечер не беше само приказна за Вардар. Беше и приказна за Младост 1977, за клуб кој со своето раководство покажува дека традицијата може да се чува, но и да се гради нешто ново.

Младост му приреди исклучително убав гест на шампионот, врачувајќи му плакета на Вардар со порака која во себе носи и историја и емоција:

„РК Младост 1977 – Богданци со особена чест му ја доделува оваа плакета на РК Вардар 1961 – Скопје како знак на благодарност за европските успеси, афирмацијата на македонскиот ракомет и придонесот кон создавање на ракометната историја на Македонија. 18 години подоцна – Европа повторно во Богданци. Добредојдовте повторно во Богданци.“

Токму ова е убавината на спортот. Младост можеби загуби на теренот, но клубот од Богданци доби нешто што не се запишува во табелата – огромно искуство за своите млади ракометари и вечер која ќе се памети.

Младост со години е препознатлив како вистински расадник на млади и талентирани ракометари, а клубот ја гради својата позиција како една од најсилните ракометни школи во југоисточниот дел од Македонија. Токму затоа ваквите натпревари се исклучително важни – младите имаат можност да играат и да учат против најдобрите.

А приказната за „Млаз“ денес не завршува само со натпреварот.

Салата е комплетно реновирана, со нови и уредени соблекувални, саниран под и повторно ставен во функција главниот влез. На посетителите им е достапно и лоби со бар, а посебна приказна е галеријата посветена на историјата на РК Младост и ЖРК Млаз.

Таму се чуваат освоените трофеи, медали, фотографии, стари весници и списанија, книги, записници и бројни други спомени од едно време кое не смее да биде заборавено.

И навистина – „Ах, да можеше салата да прозбори, каква историја чува“, знаат да кажат повозрасните Богданчани.

Денес таа историја повторно добива нови страници.

Во моментов се реконструира и дворот околу салата, со што целиот простор наскоро треба да добие уште поубав и посовремен изглед. Тоа е уште еден показател дека во Младост не се работи само за резултатите од еден натпревар, туку за создавање услови ракометот во Богданци повторно да има место какво што заслужува.



Затоа, ако досега не сте биле во „Млаз“, вреди да ја посетите салата. Вреди да се почувствува атмосферата и да се погледне еден натпревар на Младост од трибините.

А Спортска Мрежа наскоро ќе ви ја донесе и целата приказна од „Млаз“ – ќе прошетаме низ салата, ќе ја покажеме галеријата, надворешниот простор и ќе ви ја доловиме атмосферата на местото кое чува децении македонска ракометна историја.

Затоа што „Млаз“ не е само спортска сала. „Млаз“ е дел од историјата на Богданци и македонскиот ракомет.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!