Трета лигаФудбал

ФОТО: Прилеп живее за фудбалот, ГФК Победа со ДЕСЕТ гола го „уништи“ Влазними Јуниор

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилеп дефинитивно е најфудбалскиот град во Македонија, ГФК Победа пред полна трибина на која немаше каде игла на падне славеше со 10:0 над Влазними Јуниор во меч од 2. коло на Трета лига регион 4.

Трибината на стадионот „Гоце Делчев“ понуди неверојатна атмосферата, а фудбалерите на ГФК Победа приредија вистинска голеада и убедлива победа.

Иса Цаневски постигна хет-трик, а двоен стрелец беше Мартин Никовиќ, додека пак по еден гол постигнаа Давид Паскоски, Даниел Карчески, Александар Ристевски, Христијан Митрески и Роберт Аризанкоски.

Победа од Пелелиште забележа уште една победа овој пат во Чашка славејќи со 1:2 над Башкими од Јаболчиште. Денис Мемков во 17. минута од средбата погоди за водство на гостинот од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Мартин Младеновиќ со гол во 75. минута зголеми на 0:2, а пак Јосиф Манасиев во 93. минута го ублажи поразот на конечните 1:2.

Колото ќе биде комплетирано денес.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!