Трета лигаФудбал

Кравари ја „прегази“ Света Троица од Охрид, Влазерими до три бода, победа за кичевски Напредок

Сподели
Сподели

Влазерими Јуниор го одигра првиот меч во новата сезона во Трета лига регион 5 откако во првото коло тимот од Кичево беше слободен, а во второто коло со 2:5 славеше на гостување кај Демир Хисар.

Нарт Усеини беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Јордован Мемишоски, Леонтин Бајрами и Арѓент Зибри, а пак за домаќинот погодија Дарко Ангелевски и Христијан Китановски во самиот финиш за ублажување на поразот.

Кичевски Напредок славеше над новајлијата Чардак Велгошти на гостувањето во Охрид со 1:2. Гостите со голот на Марко Божиноски во 30. минута стигнаа до предност од 0:1, а Христијан Речковски во 70. минута погоди за 1:1. По десет минути игра Осман Исмаили успеа да постигна гол за конечни 1:2.

Екипата на Напредок од Ношпал триумфираше пред домашната публика над струшкиот Караорман со резултат од 2:0. Двата гола беа постигна во првиот дел, а погодија Владе Јанакиевски и Димитар Аќимовиќ.

Огромна победа забележа Кравари откако со 4:0 на домашен терен ја декласираше Света Троица од Охрид. Антонио Јаревски во 9. минута погоди за водство од 1:0 на полувреме.



Во вториот дел Стефан Каревски постигна два гола, а во 83. минута Хакан Алимовски стрелаше за конечни 4:0.

Според информациите на Спортска Мрежа, неофицијално дознаваме дека натпреварот меѓу Могила и Баир Спорт бил прекинат при резултат од 1:1, наскоро детали.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!