Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Сподели
Сподели

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од второто коло на Првата ракометна лига.

Веднаш по мечот, скопскиот тим излезе со соопштение во однос на судењето, нагласувајќи дека имало спорни судиски одлуки и дека РК Драчево Јуниор е оштетен.

  • Во продолжение целосното соопштение на РК Драчево Јуниор:

„СПОРНИ СУДИСКИ ОДЛУКИ – РК ДРАЧЕВО ЈУНИОР ОШТЕТЕН. Како клуб имаме целосна почит кон судиите и нивната работа, особено кога станува збор за судии со ЕХФ лиценци и за натпревари на кои е присутен и VAR систем. Но, она што се случи на натпреварот против Радовиш мора да биде споменато. Во една од клучните ситуации, при празен гол, противнички играч брани топка внатре во просторот од 6 метри, со што според нас е направена ситуација за седмерец. Одлуката беше да нема пенал. Она што дополнително остава дилема е фактот што ситуацијата е разгледувана и на VAR, но повторно не е досуден седмерец. Уште една спорна ситуација се случува при изведување на центарот. Во моментот на изведувањето, тројца играчи на Радовиш се наоѓаат во нашата половина, а веднаш потоа е постигнат гол. Не бараме ништо повеќе од еднакви услови и правилно применување на правилата за двете екипи. Кога имате судии со ЕХФ лиценци и на располагање VAR технологија, природно е да се постави прашањето како вакви ситуации не се санкционирани. РК Драчево Јуниор продолжува понатаму, но за ваквите ситуации мора да се зборува“, се вели во клупското соопштение.

За Драчево Јуниор ова е второ последователно реми, а пак за РК Радовиш ова е прв бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!