Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го одработи првиот тренинг во Виена, во недела следува дуел против Австрија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По пристигнувањето во Виена и краткиот одмор, македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација вечерва го одработи и првиот тренинг во австриската престолнина.

Избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал тренираа во „Спорт Арена“, салата во која в недела ќе го одиграат првиот натпревар од последната претквалификациска рунда за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Македонија в недела од 16:05 часот ќе се соочи со домашната селекција на Австрија, во натпревар кој носи големо значење за двете репрезентации.

Добра вест за стручниот штаб е што сите репрезентативци се чувствуваат добро и се подготвени за предизвикот. Здравствените проблеми кои го следеа тимот во претходниот период се минато, па Македонија во Виена ќе може да влезе максимално подготвена.

Австрија, пак, во првиот натпревар од оваа рунда загуби на гостувањето кај Кипар, па во недела ќе бара позитивен резултат пред домашната публика. Се очекуваат речиси полни трибини во „Спорт Арена“, но поддршка ќе имаат и македонските репрезентативци.

Македонските навивачи, предводени од „Фалангата“, најавија присуство во Виена и гласна поддршка за националниот тим.

Македонија за овој натпревар ќе може да смета и на Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои заедно со искусните Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски и Адем Мекиќ, како и со помладите сили во составот, треба да донесат дополнителен квалитет и енергија.

Целта е јасна – Македонија сака со добар резултат да ја започне последната претквалификациска рунда и да направи важен чекор кон остварување на целта.

Вечерва беше направен првиот чекор во Виена. Следуваат уште два дена подготовки, тренинзи и тактичка анализа, пред неделниот предизвик и дуелот со Австрија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Виктор Петровски е нов селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија го именуваше младиот и трофеен тренер Виктор Петровски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!