Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ѓуроски: Имаме доволно време да се подготвиме и да стигнеме до победа

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска репрезентација вечерва ќе го одработи првиот тренинг во „Спорт Арена“ во Виена, каде што во недела ја очекува првиот натпревар од втората рунда на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.

Пред почетокот на подготовките во австриската престолнина, своите очекувања ги сподели искусниот репрезентативец Стојан Ѓуроски. Тој истакна дека стручниот штаб и играчите веќе направиле анализа на противникот и добро се подготвуваат за она што ги очекува.

Австрија во првиот натпревар од групата претрпе пораз од Кипар, резултат кој беше одредено изненадување. Сепак, според Ѓуроски, тој исход е уште една потврда дека ниту една селекција во групата не смее да биде потценета.

„Го анализиравме натпреварот на Австрија против селекцијата на Кипар, кој го загубија. Искрено, тоа беше изненадувачки пораз, затоа што очекувавме Кипар да биде некој од аутсајдерите во групата. Меѓутоа, покажаа дека се доста добра репрезентација.

Ги видовме предностите, но и недостатоците на Австрија. Имаме два дена тука во Виена, што мислам дека е доволно време добро да се подготвиме за тој натпревар и да стигнеме до првата посакувана победа“, вели Ѓуроски.

Искусното крило на македонската репрезентација смета дека, и покрај промените во ростерот во изминатиот период, националниот тим ќе продолжи да го негува препознатливиот стил на игра воспоставен со доаѓањето на селекторот Хозе Мариа Берокал.

„Откако е тука селекторот Берокал, играме доста слична игра. И самите знаете дека имавме доста промени во ростерот, што поради повреди, што поради клупски обврски, без разлика дали станува збор за Евролигата или Еврокупот.

Меѓутоа, мислам дека нашата игра ќе остане слична. Во овој момент Нено и Мозес се огромно засилување за нас и мислам дека ќе бидеме доста добри“, смета Ѓуроски.

Македонија првиот натпревар од втората рунда на претквалификациите ќе го одигра против Австрија во недела, во „Спорт Арена Виена“, со почеток во 16:05 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!