Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Двајца ракометари на Младост 1977 Богданци на списокот на пионерската репрезентација на Македонија до 16 години

Сподели
Сподели

Ракометната школа на Младост 1977 од Богданци продолжува да создава млади ракометни таленти. Стојан Иванџиков и Даниел Милановски, членови на клубот од Богданци, се најдоа на списокот на селекторот Никола Матлиески за машката пионерска репрезентација на Македонија до 16 години и претстојниот регионален турнир во Црна Гора.

Иванџиков настапува на позицијата десен бек, додека Милановски игра како десно крило. Повикот претставува значајно признание за нивниот талент, посветеност и континуирана работа, но и потврда за квалитетот на младинската школа на Младост 1977 Богданци.

Посебно внимание привлекува фактот што Стојан Иванџиков веќе го почувствува предизвикот на сениорскиот ракомет, настапувајќи во Суперлигата, а сега добива можност заедно со својот клупски колега Даниел Милановски да се докажува и на репрезентативно ниво.

Ракометната федерација на Македонија воведува нов начин на организација на процесот за селекција на пионерската машка репрезентација, со цел да овозможи пошироко следење и поквалитетна проценка на младите ракометари од целата држава.

Генерацијата ракометари до 16 години ќе има уште една значајна можност за меѓународно докажување. Оваа селекција ќе учествува и на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Скопје од 18 до 25 април 2027 година.

Настапот на овој голем спортски настан ќе биде можност младите ракометари да стекнат драгоцено натпреварувачко искуство, да напредуваат и да се подготвуваат за идните предизвици во младинските и сениорските национални селекции.

Собирот на повиканите ракометари е закажан за 3 ноември 2026 година, во 10:00 часот, во спортската сала „Расадник“ во Скопје.

Но, има уште многу ракометни таленти во РК Младост 1977 кои веќе се наметнуваат во тимот, а кои таленти уште сега се на пик за сениорскиот тим, ракометари од генерација 2012 и помали кои играат во Пионерската лига и каде немаат пораз.

РК Младост 1977 е голем ракометен расадник, Богданци можеби е мало место, но постојано ги „храни“ репрезентациите на Македонија со талентитани ракометари.

Уште една потврда дека РК Младост 1977 од Богданци важи за најдобра ракометна школа во Југоистокот од Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Двајца ракометари на Младост 1977 Богданци на списокот на пионерската репрезентација на Македонија до 16 години

Ракометната школа на Младост 1977 од Богданци продолжува да создава млади ракометни таленти. Стојан Иванџиков и Даниел Милановски, членови на клубот од Богданци,...

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги избра адутите за стартот на квалификациите за ЕП 2028, ново име на списокот!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги прави последните подготовки за почетокот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!