Ракомет

Мајдоуб пред Тиквеш: Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме

Сподели
Сподели

В недела во салата „Млаз“ ќе се одигра натпреварот од 9. коло на Суперлигата меѓу Младост и Тиквеш, а во рамките на истото домаќинот ќе ја бара првата сезонска победа.

Во тимот од Богданци владее позитивна атмосфера, екипата е подготвена за нов предизвик во потрага за првата сезонска радост, со максимална поддршка од верната публика, која одново како и досега ќе ја наполни салата.

Ахмед Мајдоуб вели дека натпреварот ќе биде тежок, но како што истакна за Спортска Мрежа ќе се борат за победа. Навивачите ќе бидат клучот за победа вели Мајдоуб.

„Натпреварот во недела ќе биде тежок, но ќе се бориме за победа. Лично, очекувам тежок дуел меѓу двете екипи. Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме“, вели Ахмед Мајдоуб за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Младост и Тиквеш ќе започне во 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Мајдоуб пред Тиквеш: Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме

В недела во салата „Млаз“ ќе се одигра натпреварот од 9. коло на Суперлигата меѓу Младост и Тиквеш, а во рамките на истото...

Ракомет

Вардар за три бода предност, Еурофарм Пелистер за преземање на врвот: Дерби меѓу два непоразени ривали

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела, на 1 ноември, ќе се соочат во првото меѓусебно првенствено дерби сезонава, со само еден бод разлика...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид со двојна европска пресметка пред своите навивачи: еве кога Драгунас Клаипеда доаѓа во Охрид

ГРК Охрид ќе има двојна можност пред домашната публика да го продолжи...

Ракомет

Карапалевски предупреди пред гостувањето во Куманово: „Сакаме да ја завршиме серијата на најдобар можен начин!“

Ракометарите на ГРК Охрид ги продолжуваат обврските во Супер лигата со гостување...

Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!